радикален (прид.) - мерка (имн.)

ЈАКОВ: (Вади машинка пушка од под мантилот.) Може. (Пауза.) Прво бев само уметник, не се мешав, ве презирав оддалеку, мислев тоа е доволно, па паднав во депресии и лудило, сега преземам радикални мерки.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Татко често ги цитираше зборовите на Ататурк, кога требаше да се оправда некоја од неговите радикални мерки: Јас сум Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)