Накратко, тоа е да го правиш она што инаку е културно невозможно – односно, што е невозможно за нормалниот свет: да комбинираш страст со иронија.323
Машката геј-култура, всушност, разработила особено, дисидентско гледиште кон романтичната љубов, камп-гледиште, кое стрејтовите честопати го сметаат за цинично, токму зашто неговата иронија – која ја нагласува изведбеноста на романтичните улоги – им изгледа дека ја поткопува сериозноста и искреноста на љубовта, а со тоа и ја омаловажува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Визијата за љубовта на геј-културата не е цинична.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не, тоа значи да ја прифатиш неавтентичноста што е во средето на романтичната љубов, да ја сфатиш романтичната љубов како општествена установа, како идеологија, улога, изведба и општествен жанр, а пак истовремено, самосвесно и без самоизмама, да ѝ подлегнеш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, да ја омаловажуваш љубовта е и да ја разблагородиш, да го разбиеш романтичниот монопол врз неа, да ја направиш пошироко достапна, да ја впрегнеш во разновидни општествени примени и да ѝ ставиш крај на спротивставеноста меѓу љубовта и општеството, меѓу љубовта и пријателството, меѓу среќната двојка и заедницата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)