рамнодушен (прид.) - спрема (предл.)

И покрај тоа што мисијата имала само воен карактер сепак не можел да остане рамнодушен спрема политичките барања на Македонците и да не го извести својот штаб.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Останав се раскрвавено лице, со раскрвавено срце. Кога стаса полицијата станав рамнодушен спрема сѐ и немав волја да објаснувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По звукот, звукот предавник, се препознава - Вардар е надојден.  Изворот е изгубен однапред за оној кој бега од изворот - како реката.  Рамнодушна спрема времето спрема колективната несреќа спрема личната карма спрема сè надвор од неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)