рапав (прид.) - и (сврз.)

„Ако е така, и ако како една душа пресудивме така, зарем тоа не значи дека гласовите тик попогодни се за означување на остри, отсечни, рапави и сурови нешта, а мил за меки нешта?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Смеа, рапава и придушена смеа. Тоа не е смеа на циркуска публика, весел кикот на прснати стакла. Тоа е потсмев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дури и кожата ѝ е рапава и како да се држи понастрана од нејзиниот костур.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рози слушаше како звукот на рапавите и нерамномерни крикови на гавраните сѐ повеќе се оддалечуваа, и тогаш ги слушна последната анатема од Кети и веселото чуруликање на црвеношијките, кои ја споделуваа омразата на Кети кон гавраните и нејзините ревносни клетви секогаш кога ги бркаше од градината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оној старец, прикажан во сите нивни села со своето молчење, а уште повеќе со ретките зборови, што ќе ги кажеше еднаш за потоа тие да земат да кружат меѓу сите луѓе; оној старец, засаден во овие планини и заборавен кога засаден, како некој стар даб, рапав и сиот од некакви само негови извиени жили, како судбина, без чие што присуство животот како да го загубил своето небо - сега веќе не можеше да дојде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гласот му беше рапав и ноќен, изѕемнат до корен. Најверојатно прашуваше дали барам нешто од нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Што гледате, браќа?“, прашуваше Филозофот. „Гледаме нешто што досега не сме виделе: едно нешто остро и рапаво и друго сподобие, меко и мазно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)