Дополнително беше избришан чл. 5 од ЗИПРМ кој нормираше дека „просечната месечна нето плата по работник која ја исплатува работодавецот не може да биде пониска од 50% од просечната месечна нето плата по работник на одделот на кој му припаѓа работодавецот регистриран согласно со Националната класификација на дејностите, објавена во тековниот месец.“ (чл. 2 од ЗИЗИПРМ/јан.12) Измената на ЗИПРМ од ноември 2012 година предвиде дека работодавачот може утврденото право на плата во 2013 година да го зголеми за 5% почнувајќи со исплатата од декември 2013 година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Покрај тоа, пропишано е дека просечната месечна нето плата по работник која ја исплатува работодавецот не може да 183 биде пониска од 65% од просечната месечна нето плата по работник на одделот на кој му припаѓа работодавецот регистриран согласно со Националната класификација на дејностите, објавена во тековниот месец (чл. 5, ЗИДЗИПРМ/01).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)