Гледаше сега непосредно под себе, кон плочникот од куќата над која беше застанат, направо во луѓето што поминуваа и нивните фигури му се чинеа уште посмалени, како прилепени кон земјата, сѐ додека не изминеа малку и не ја покажеа постапно својата исправена положба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Претпазливо, како да ја испитува издржливоста на железните пречки што го држат, се наведнуваше со телото над уличната бездна, сеќавајќи го уште посилно засекот на железото во мекото месо на подлактицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Луѓето долу, на улицата, имаа смалени фигури и беа раштркани по плочникот, ретки автомобили брзо ја пресечуваа стеснетата бела врвица по средината, само двократниот црвен автобус, откако ќе се занесеше на завојот од плоштадот, на влегување во главната улица, лазеше тука рамно, притеснет во некоја своја одредена четвртеста линија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)