Освен ако Valery, во продолжувањето на истиот текст, греши кога вели, „не ли би требало еден младич, љубопитен кон исти нешта, да биде прилично сличен, во крајна линија, на еден човек од ренесансата” (5), при што тој самиот, Valery, го презема ова камуфлирање, осмелувајќи се да се претстави со името на Leonardo и да се послужи со неговата личност, на ист начин како и Duchamp со името и личноста на Rose Selavy или George Welch, тргнувајќи од следните очекувања: „Не претставува ли неговата наивност онаква форма на релативна простодушност што е создадена во текот на четири векови откритија, на сметка на луѓето од тоа време?“
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)