републички (прид.) - раководство (имн.)

- Со градење на туристички комплекс од затворен тип за републичкото раководство и за припадниците на Министерството за внатрешни работи?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со радиоврска беа поврзани со републичкото раководство сместено на падините на другиот поголем рид.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Впрочем, партијата сѐ уште не сакаше да се меша во козјото прашање, а и немаше директиви за акција од републичкото раководство, макар што козјото досие од ден на ден стануваше сѐ подебело и се чуваше во железната каса во кабинетот на секретарот на градскиот комитет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Утрото републичкото раководство за последен пат ја известуваше Федерацијата: „Чанга дефинитивно е ликвидиран со сите кози!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)