Далеку, зад стреите, западните облаци ги шарел невидлив камшик: по нивната розова кожа се протегаат риги и густа болка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тогаш ќе можат да ги рашират своите недоразвиени, и како перки, крилца, ќе прваат со нив и мрзливо и нежно ќе се одмораат на земја за да ја изложат својата розова кожа на хранливоста на сонцето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Еднаш месечно Милан го бањаше со сапун во кадата, и тогаш Тито доаѓаше на време за да ужива во ритуалот, иако со наводенетото крзно, кое му беше залижано на розовата кожа, личеше на голем црв и беше соблечен од гордоста, исто како воените генерали кога беа облечени во гаќи за капење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)