Се гледаше колку е голема разликата помеѓу старите и новите седишта: старите беа испукани, сивокафеави, со изедени рабови и со ’рѓосани шрафови, додека шрафовите на новите даски светеа, седиштата како да беа приспособени за седење, имаше дупки на местата каде што треба да висат нозете за кога ќе ти направи некој "плескавица" даската да не ти се забоде во бутовите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Газеа по гнилите прагови, наведнувајќи се повремено за да земат парче одамна фрлена жица, рѓосан шраф или некој друг фрлен и заборавен предмет.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Почувствував и некој чуден, многу силен мирис, и тогаш забележав дека мостот веќе не е бледожолт како што беше порано, туку е премачкан со жар-црвена боја.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)