Ама таа, чинам, лакома за живот, сама сакаше да ги пребродува сите тешкотии, пречки и напори.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Може и да ѝ го покаже на Митра, и таа ќе се израдува, и да го виде не може да призне во него оти не ги знае кирилските букви (не ги знаеше ни грчките), само сепак, Чана не може да го направи тоа, едноставно радоста од писмото прво сама сака да ја има само за себе, а после ќе ја дели со другите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вели жената е подвижна нива, понекогаш сама сака во неа да се фрли семе за да се види што ќе никне, ама што да се прави кога, што да прави таа кутра нива кога и насила се фрла семе во неа?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Најпосле дека тој, бригадирот Језекил, нема тука никаква вина, бидејќи тој, Змејко, самиот сакаше да го откаже тоа место.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На првите им одговара конформистичка парадигма (максимум задоволство а минимум вложена разумска сила), на вторите – реформистичка, макар што и кај нив преовладува мислењето дека уметничкото дело е жив организам кој е во спрега со публиката пренесувајќи ѝ ја пораката што самата сака да ја чуе.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Без разлика на моето стравување и на тоа - кога и како започнала, приказната сама сакаше да се заврши.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Митра и сама сакаше да оди на вода, но се решаваше дали да ја води Доста. Може ли пак да не ја води?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)