Чекорев последна, на самото подножје.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
1 Иако Кукулино имало седумдесет и шест куќи, речиси сите полегнати до самото подножје на планинската црногорица, само четириесет и тројца домаќини, оние што биле тешкораки и тврдоглави, урнале дел северни карпи, ги раздробиле и подигнале свои воденици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но Надењка се плаши. Целото пространство од нејзините мали галоши па до крајот на снежниот рид ѝ се чини страшна, неизмерна, длабока пропаст.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Стоиме на еден висок рид. Од нашите нозе па до самото подножје се спушта стрмно долниште, на кое сонцето се огледува како в огледало.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од нивната мрачава и сеништата бегаат. Ништо повеќе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)