свеж (прид.) - ветре (имн.)

Во секојдневните претпладневни звуци што го огласуваат животот во планината: црцорот на штурците и скакулците, брмчењето на пчелите и мувите, повременото шепотење на кориите низ кои мрзеливо се провлекуваше утринското свежо ветре, ѕвонежот на невидливите стада, - Бојан насети и брчење на автомобил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Посакуваше токму тоа свежо ветре да го погали како мајчинска дланка, да му ја разбушави косата...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)