свесен (прид.) - свест (имн.)

Затоа што културата на хетеросексуалноста, која инсистира на својата неутралност, ги охрабрува стрејт-луѓето да им дадат на своите желби и на начините на живеење очигледна здравозаготовост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сексуалната различност и дисидентност веројатно може да биде појдовната точка за покатегорично, посвесно, попрагматично застранување од природата и од сѐ што во општествениот свет важи за природно. ‌„Секогаш кога говорот или движењето или однесувањето или предметите покажуваат извесно застранување од најдиректниот, најполезниот, најмрзеливиот начин на изразување или суштествување во светот“, напишала Сузан Зонтаг пред речиси педесет години, „можеме да сметаме дека имаат ‘стил’“.473 Без стил или облик, нема такво нешто како култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Застранувањето“ на Зонтаг е токму основата за култура, тогаш – нејзин изворник и нејзина дефиниција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Немаат свесна свест дека отелотворуваат општествена форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дел од она што бидувањето стрејт го повлекува е учењето како да се имитираат стрејт-мажите, како да се изведува хетеросексуална мажественост, а потоа и да се заборави дека тоа, впрочем, си го научил, исто како што мораш да го пренебрегнуваш и фактот дека тоа го изведуваш.218 Геј-мажите, наспроти тоа, се разликуваат токму по својата свесна свест за однесувањето како стрејт-мажи секогаш кога ја изведуваат нормативната мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само отстапувањето од зададеното може да создаде култура и да го даде растојанието и оттргнатото промислување кои се нужни за културна дејност. ‌Во извесна смисла, хомосексуалноста е култура. ‌И ете зошто му требаме на општеството. ‌Каде би биле без пронигбите, без безобразлукот, без нетрогнатата критичка интелигенција што ја дава геј-поткултурата?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од она што го напишав тука за машката хомосексуалност – за нејзиниот статус како особен општествен облик, за нејзината изведбеност, за нејзината неавтентичност, за неможноста на еден општествен идентитет да ја долови желбата што го дефинира – може да се каже и за хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И каде би биле без нејзината свесна свест, без нејзиното сознание за толку многу од начинот на кој си ги живееме животите, а кој им е својствен на конкретни општествени форми?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата не е во општествените премрежиња и стварните степени на „природност“, туку во свеста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стрејт-мажите мораат да научат да играат една или друга верзија на хетеросексуалната мажественост, а можат да имаат и свест за неавтентичноста на обликот – можат, и тоа како, да ја сметаат за нешто задушно наметнато врз нивните спонтани инстинкти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како инаку би останале чесни?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но немаат често свесна свест дека општественото суштествување им е изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)