светлосен (прид.) - брзина (имн.)

1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ме повикуваш... Се плашам од мислите, што ко троскот се множат... со светлосна брзина, ко цел аскер, непријателски ме гушат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Но како?“ - се прашуваше, кога времето за некого неповратно леташе со светлосна брзина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сркаше со светлосна брзина и воопшто не му пречеше тоа што супата е жешка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)