светски (прид.) - конфликт (имн.)

Сакаше да ѝ зборувам за генезата на албанско-македонскиот конфликт во Македонија како закана за мирот во земјата и во регионот, закана за албанско-македонскиот соживот во кој истрајуваше моето семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа беше критична кон Европа која во својата богата историја, од која произлезе модерната западна цивилизација, не можеше да се ослободи од војната, туку беше и предизвикувач на светските конфликти.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елен Лејбовиц, можеби повеќе поради судбината на мојата балканска сага, започна да ја следи со аналитичен интерес европската политика кон Балканот во критичните воени времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)