Секако тоа доаѓа поради долгогодишен опит и од фактот што Истанбул, како светска метропола, секогаш и во секое време е преполн со странци од сите страни на светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Попишани односно препишани беа сите светски метрополи од Лондон до Њу Делхи, од Њујорк до Пекинг и од Лондон преку Париз и Москва до Токио, каде колку е часот, кога во Брезница или кај нас е дванаесет на пладне.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
СЕКОЈ мој престој во Париз го поврзувам со посета на неговите најбизарни кватови и улици без кои тој не би бил ниту Париз, ниту пак една од најретките светски метрополи. Тоа го сторив и овој пат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Според пописот од 1688 година, броел 1.300 жители, од кои 1.000 живееле во Будим и 300 во Пешта; денес е еден од поголемите светски метрополи, со 2.200.000 жители.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во писмото таа ми пишуваше којзнае по кој пат за талкањата на братучедот Благоја, кој, барем според нејзините приказни, сега се наоѓал во далечните светски метрополи а дека неговите другари за жал станале и премногу алергични на оваа приказна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој има своја убавинашто го одделува п своите специфичности од другите градови, можеби, како што Париз се разликува од многу други светски метрополи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Многу светски метрополи имаат улици во кои преку отисоците на дланките може да се види колку славни фаци ја посетиле.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)