За волја на вистината, треба да се рече дека Арафат, придавајќи им во животот големо, понекогаш и пресудно значење на симболите, на пример, при говорот пред Советот во Њујорк го остави својот револвер во гардеробата на светската организација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се чувствуваше на мигови како Мојсие, кој мораше со години да се подготвува во егзил, за да го осмисли реалното враќање во ветената земја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бургиба дури на светската организација на обединетите нации ќе предложи создавање на федерација меѓу Израел и арапските земји.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ревносните воени хроничари бележат со сигурност дека Лакхдар, претходејќи им на сините шлемови, со сигурност има заслуги во спасувањето на животите и домовите на милиони луѓе во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Генералниот секретар на ООН Кофи Анан на крајот на кариерата на својот специјален пратеник му ја изрече во лично и во име на светската организација длабоката благодарност за неговата храброст во решавачки и пресудни моменти, за неговата мудрост и преданост во историските мисии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)