Зависно од аголот на гледање некому тоа може да му делува импозантно (1 500 картички текст, неколку стотици графички прилози, неколку стрипа, десетици млади македонски автори со своите први објавени творби, десетици текстови за најактуелните светски трендови во уметноста, теоријата, филозофијата, многу интервјуа со планетарно маркантни личности...), а некому сета работа може да му делува ништожно и безвредно.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Не знае човек што е полошо: да бидеш толку заостанат ко македонските уметници во однос на светските трендови, или да бидеш толку гротескно, понижувачки и карикатурално „присилен“ да создаваш CD-уметност... nn Претеруваш, едноставно не мораш да се бавиш со тоа.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)