Мајка остана до доцна во ноќта за да го дотерува, по којзнае кој пат, Татковиот свечен костум.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој си го беше облекол свечениот костум, си ја беше ставил и сивата паларија, со новата светла кордела.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Носеше свечен костум и пеперушка, купена уште во Париз и носена за прв пат во оваа пригода.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Макар што вистинскиот почеток на чистењето на опасните турцизми беше закажан за утредента, тој реши повеќе да не го облекува свечениот костум, а и излитената пеперушка ја зафрли некаде, реши повеќе никогаш да не ја употребува.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој ден си го облече излитениот свечен костум, ја стави старата цариградска вратоврска, ја зеде на рака старата избледена сина паларија, но со нова црна кордела, која ја приши Мајка кога старата беше веќе истрошена.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Климент Камилски, кога се врати дома, првин се ослободи од свечениот костум и жолтата пеперушка.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Си нацртал мустаќи со црн креон, си облекол во свечен костум и буум! – Страшно...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Црните свечени костуми им се облечени преку генералните униформи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Легна на една клупа засводена со зеленило (потполно заборави на својот свечен костум).
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
...исток и запад сепак остануваат само поаѓање и заод а преминот потполно емотивен засолнет од броење од подоцна од порано топлината на кожата (пресвлечена во пижама спортска маица свечен костум) е тука под ткаенината каде не сум ниту добар ниту зол ниту малограѓанин ниту бунтовник единствено љубопитно тело...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Оттука, целосно е оправдан работничкиот сомнеж во искрените намери на бирократизираните синдикални раководства, кои облечени во свечени костуми и вратоврски милуваат, особено предизборно, да се фотографираат со владините функционери. 300
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Понатаму, на многумина од нив не им беше сфатливо како тоа со колективниот договор може да се утврдуваат поголеми права од законските, а со индивидуалниот договор за вработување не може да се утврдуваат помали права од законски загарантираните; или, дека работниците можат да иницираат [стечајна] постапка за престанок на правното лице во кое работат - доколку работодавачот, три месеци едноподруго, не им исплатува плати и придонеси...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ова навистина се битни прашања кои заслужуваат сериозно внимание и за кои е неопходно, во блиска иднина, заедно со работниците и нивните синдикални „ќелии“, здруженија или неформални групи да поработиме на т.н. синдикално образование, односно на работничка трудовоправна едукација преку разни форми кои ќе ги оцениме како погодни (перманентни предавања, серија трибини, периодични семинари, кампови, школи; како и преку книги, брошури, флаери, списанија и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)