Му се стори како да си ги чу сите свои три зрна како се слизнаа од кожата на нерезот и како иссвиреа во воздухот, рикошетирајќи, чиниш погодиле во гол камен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сепак, не заборава да ми испее песна и да раскаже приказна на своите три убави ќерки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Така Фокс мораше да падне, да падне со своите три патетични шипки злато и да ја скрши кичмата по последен пат.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Уште и пар зборови за денешните девици што ги изложуваме пред вашите (творјански) монструозни очи: Вулкански во меѓувреме стигна начисто да се прешалта на македонски и дури објави (специјален, луд!) речник на македонски зборови, за цело време шетајќи низ градот со своите три црвливи маски и не вадејќи го од уста неговиот неприкосновен херој Даркмен, а потоа и Дишан (три маски), Џојс (забележете какво огромно влијание врз трите писма на Вулкански има тој апсолутно најдобар писател во 20 век!), Набоков, главно сѐ некакви џиновски фалсфикатори.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Фала му на бога, можеби тоа се должи и на фактот што Филонус (кој ионака, трепкајќи во оваа рубрика, одвај и да постоеше) дефинитивно не постои.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Жената на Виктор, Суада, остана во Крушица, село на падините од јужната страна на Бабуна, да ги гледа своите три ќерки Сања, Лејла и Вера, со помош на синот Стерјо кој од највозрасната, седумнаесетгодишната сестра Сања, беше постар цели десет години.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во таа смисла, еден евидентно анахрон концепт за тродимензионален простор кој е тнр. „база“ на медиумот „архитектура“ веќе не може да опстане во своите три димензии туку ги користи придобивките (кадрирање, суспенз, нарација...) на тнр. дводимензионален простор на филмот, на пример (кој, парадоксално, „со една димензија помалку“ - иако и таа се освојува со Виртуелната Реалност - се здоби со повеќе „реалистичко ткиво“, со повеќе „видливост“, да речеме, од множеството тродимензионалност што нѐ опкружува!), или, уште порадикално, архитектурата ќе мора да се соочи и со тнр. мултидимензионален концепт за простор на Хокинг (кора од портокал, како пример!), кој станува парадигма за „просторна ориентација“ на крајот на веков. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 11
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)