Татко сакаше да ја пишува Историјата на Балканот оти беше убеден дека таа треба во крајна линија да го смири балканскиот човек, да го помири со себеси и со другите, да се ослободи од саможртвениот синдром, од проклетството на делбите, границите. На Балканот имаше други Картагини и Палестини...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
До крајот на својот живот веруваше во својата варијанта на историјата, означена од немоќта и проклетството на владеењето, последица на човековата непотполност и несовршеност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Слушаше понекогаш до утрини кога ја составуваше својата варијанта на вистината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој создаваше свој систем, друг космос, своја варијанта од излезот од балканскиот кафез особено по излезот од балканскиот пекол во времето и по апотеозата на сталинизмот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)