Целиот ден комитите со куршуми го бранеа мртвото тело на својот војвода.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Чувствувајќи го до себеси својот војвода, востаниците отстојуваа до последен здив и се биеја до последен куршум. Но куршумите намалуваа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Децата кај деда Гера го најдоа и деда Ангелета, човек врсник на Гера и на Бошка Манев, кој до Хуриетот исто така бил комита и шегобиец речиси рамен на својот војвода.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
— Нешто ќе те прашам, бабо Право да ми кажиш...
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така се образува четата на Коле Каранџулов, во која попаднаа и нашите пријатели Крсте Шаќир и Јован Ѓуров и поодија со него дури да го најдат својот војвода Толе Паша и да тргнат со него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Валијата и пашата испратија големи потери по бегалците и не знаејќи кој е нивниот војвода, ќе почнат да се распрашуваат кај бабите по селата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
__ 54) Јаворов Пејо - бугарски поет, кој две години одел со четата на Гоце Делчев; 55) “Смрт или слобода“ - илегален весник на Тајната внатрешна македонска револуционерна организација; 56) заптија - турски полицаец; 57) Вода чекам - јавка, чекам човек; 58) Пријатели - јавка од тие луѓе; 59) Чичко Чанко чука - јавка, да го пропуштат; 60) Димитар Гуштанов и Ѓорѓи Бродлијата - војводи револуционери; 61) Димо аџи Димов - виден револуционер, социјалист; 62) аскер - турска војска;
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)