Но сега беше друго, неизвесно време. Јас бев еден од ретките дипломатски донкихоти кои тоа утро сакаше да најде своја врвица на минување низ историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Чекореа подвиткани и молчејќи, одвоени еден од друг и секој на своја врвица, најсув и најосамен од сите Борис Калпак, со долгоклуната Абердарка во рака.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беше сплеткан до грклан во своите врвици што водеа кон нигде. „Решуваш гатанки, другар брат?“ Брат му ги стегна јазлите на тие врвици. „Сѐ е решено.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Можеби спиев. Потоа, кога ги отворив очите, ги видов ловците како се спуштаат од ридот кон кој урнатината на манастирот фрлаше коса сенка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наеднаш почувствува дека човековиот живот ја менува својата врвица во неколку скокови и паѓа во црна недогледност како коњ со прснато срце.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ние, децата, израснати, со свои семејства, се разотидовме, секој по својата врвица на животот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)