Имам чувство дека ова парче земја, вечно место на крстарења на небројни завојувачи, место врз кое е растурена лакомоста на соседите преку кои големите наоѓаат своја сметка, заради што е подложено на страдања, тагувања и исчекувања, е единственото место каде човек само со пот го спечалува лебот насушен, а мир и покој нема до крајот на своите дни...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Секој занает си имаше своја слава во градот - ќурчиите го славеа Свети Илија, казанџиите Свети Спиридон, бавчованџиите и лозарите Свети Атанас, терзиите Петровден, и сите ги канеа на своите денови, и турските големци, и другите видни граѓани, ама Свети Пантелејмон на папуџииите за Тодора беше некако најубав празник и чест што мислеше дека целосно и самата ја заслужува.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кое попладне, велам, ние немаме ни свој ден, ни свое пладне.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја чувствуваше многу добро и во себе онаа исконска прибраност пред тој висок снег, што го покриваше сиот свет; беше притивнат како едно од сите оние дрвја околу неговата куќичка, продолжуваше да трае, живеејќи само со некоја срцевина, провлечена како црвена врвца по најскриената средина на своето тело и на своите денови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеше само да го жали она човече, што си мислеше сега дека било попусто сето она негово чеперење по скелињата на светот, кое оној сега го презираше како будалштина од младите години, сиот оној свештен чесен труд, сиот оној свој живот, сите свои денови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имаше натопено многу високи ѕидови, имаше соѕидано многу зданија со својот малтер, во многу градови по главните улици стоеја градбите во кои тој имаше соѕидано многу свои денови, заедно со тешките копанки, а од сето тоа имал само едно уште пониско рамо и само толку заработка, за едвај да може да дочека додека не се започнеше некоја нова градба во тој, или во некој друг град, сеедно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А секогаш, кога ќе се изнајдеа некаде повеќе луѓе, и кога сите тие ќе почнеа да прикажуваат за своите доживувања некогаш, некаде, тој место да раскажува за себе и за своите денови, им ги прераскажуваше ним оние романи, на тој начин одбегнувајќи ни тука да не остави нешто свое, откажувајќи се на тој начин уште еднаш и од својот живот и од својата судба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега ги немам пред очиве и навистина не морам и во овие свои денови тука да продолжам да се гризам заради нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во кркорењето се засркнал со кучешка кашлица и станал беспомошно загледан во трепетливото небо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак некој се сетил да ги побара треварите, црниот Ландил Димулев и малку постариот Никола Влашки, човек што половина свои дни ќе прележел по слепи зандани ако не бил итрец во малите кражби и во големата увереност дека знае што е правдина како сега што знаел од што е болен Неделко Шијак, заради што пожолтува, од што се збрчкува како стогодишна желка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ним им беше заробен изворот Бистар Кладенец, нивното најмило место во планината, каде што ги поминуваа сите свои денови.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)