За жал, тој тоа не го прави, туку се крие зад купиштата пивски конзерви во своето дувло во Тафталиџе и накнадно го цензурира разговоров.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Кога во ровот завладеа црнина - таа се осмели да се исправи и виде како од своите дувла излегуваа момчињата и девојките и опиени од свежиот воздух легнуваа на земјата изорана од гранати.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Откако добро се најаде, си се врати во своето дувло и го посматраше од зад една грмушка лесноумното кутре како талка и пати осамено.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Но доколку сте ловец што знае да намириса трага, доколку мимикриски се скриете и трпеливо чекате, наскоро ќе ги здогледате припадниците на раскошната пердјуевска фауна како претпазливо излегуваат од своите дувла.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)