Поради таквата подредена положба на Велика Британија и неможноста да има некакво свое влијание во однос на советското напредување во Романија, Бугарија, Југославија, а и во Грција ако на власт дојдат комунистите, британскиот политички естаблишмент сметал дека би било пожелно да се направи обид барем Југославија да се придобие на британска страна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, дополнителна загриженост кај британскиот политички и воен естаблишмент претставувало сознанието дека во крајот на 1944 година Британците не би можеле да одговорат на советскиот воен предизвик, имајќи ја предвид исцрпеноста на својата економија во текот на војната, како и задолженоста кон САД за доделената воена помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)