Во својот заклучок ќе истакне дека е потребно кога ќе се создадат погодни услови да се спушти на слепо британски офицер кој го зборува јазикот, кој има извесно познавање на земјата и лични контакти. 68
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Татко во врска со ова прашање имаше свој заклучок, се разбира, поврзан со лавиринтот: Мудрецот треба да ги открива тајните на Стеблото на животот, како можна варијантата на источниот лавиринт, во текот на целиот свој живот, според крајно прецизен итинерар.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На крајот на дебатата за кабалистите тој сакаше да го каже својот заклучок: За кабалистот, за да се следи патот на мудроста, единствениот начин е да се мине достоинствено патот на животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На крајот, во својот заклучок, Доливети ќе истакне далековидно дека учесниците на тркалезната маса се убедени дека е потребно и "во интерес на балканските земји да остварат полна соработка во рамките на европската демократска заедница и во склоп на светската заедница; и дека таму ќе има целосна соработка со големите сили на Обединетите нации, врз основа на еднаквост".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
По одлуките на Второто заседание на АВНОЈ (29 ноември 1943) и на Техеранската конференција (28 ноември - 1 декември 1943), настанале крупни промени во однесувањето на сојузниците спрема настаните во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
- Сега веќе верувам дека тој привид ќе се осветли, ќе се престори лик! – неочекувано гласно го изнесе својот заклучок - Да не произлезе најсетне дека сега се сети оти мајка ти, или некој друг, ти има кажано а ти, којзнае зошто, си го затурил сеќавањето - се обидов да се пошегувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Мајка ми? - се зачуди Иван. Очигледно моето прашање го збуни.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Мајка ми се чини веруваше дека тој податок нема многу да ми користи. - Кој податок – прашав.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Напротив, тој продолжуваше со изнесувањето на своите заклучоци.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Наеднаш го крена погледот кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Помислуваше да ѝ каже нешто во врска со својот заклучок дека ова е далеку повеќе отколку што човек воопшто би можел да поверува, но сепак не се реши.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ми го наметнува својот заклучок и повеќе би сакал да бидам овца, што не сум, отколку некое музичко дело да ми го наметнува своето правило. К: А што ќе правиме тогаш ако некој ни го наметнува тој начин, ако тоа нѐ доведе до револуција, тоа наметнување?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Кога го затворија нејзиниот внук од постарата сестра, Сашко, три дена гладуваше пред затворската порта.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таква сум, неверничка, избрзувам со своите заклучоци.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зар требаше да се посомневам во твоето чудесно откритие?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)