Шумата околу него, пак, крцкаше со некои свои звуци на невидливи ситни животинки што скокаа низ гранките на боровите и со повременото осамено цврчење на понекоја птица што не заминала на југ. („Ако сите тие приказни за птиците што масовно заминуваaт на југ се вистинити“, си помисли.) Како градско дете, се сети, тој секогаш со голема скепса слушаше за природните процеси, движења и појави.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Истата вечер, звукот на гајдата го облеа небото, зурлите и тапаните трештеа низ кориите, одбивајќи го својот звук од младите букови стебла.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Да ѝ каже ли дека болката под третото ребро ја почувствува сега првпат со својата свест и дека сега знае: таа почнала порано, пред да го бараат низ нишан, порано од денот на гревот забременет со безброј нови гревови, секој со сета боја и свој звук.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Звукот, меѓутоа, конечно е дефиниран дури откако неколку групи од Seattle (особено The Melvins) кон крајот на осумдесетите го забавија својот звук до границите на една безболна слушливост и, што е најважно, го збогатија со одредена доза на дискретна но сепак присутна мелодичност.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Напиша дека еден од неговите планови се темели на поклопувањето на звуковите: „Ако сакате граматичко правило: глаголот по својот звук се совпаѓа со субјектот: на пример, Le negre aigrit, les negresses aigrissent ou maigrissent, итн.“
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)