Дури со својот избор на актерите за СТОМАКОТ... Гринавеј не ја следи ембрионалната симболика на американскиот филм, кадешто секој негативен лик мора да биде грд.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој најпосле, по двоумење и потрага по типичните поими, му го претстави својот избор на Камилски: гурбет, сургун, гајрет, тапија, ќерпич и чауш.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XLVIII Пред и по секоја работна сесија Татко и Климент Камилски влегуваа и излегуваа од нивните единствени библиотеки на Балканот, според разновидноста и необичноста на собраните книги, со мислата дека и обајцата се впрегнати во историска мисија, а кога ќе бидат познати конечните резултати од нивната работа и ако Бог им помогне тие да бидат објавени, ќе се дознае на Балканот и подалеку дека нивниот труд не бил залуден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Негативните напори, прилично ме замараат.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Добро, секој има право на свој избор. м Како ќе биде овде за десет години, Дејан?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Наградените со наградената творба плус уште една по свој избор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Петмина истражувачи по свој избор се решија да земат одредена дрога - Екстази, ЛСД, Хероин, Спид и Алкохол - и отпатуваа во лавиринтот на својата психа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сите ние бевме исплашени од „едноставно кажете не“ кампањата, но што вистински се случува со вашето тело и мозок кога земате дрога?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ја убеди, користејќи ја и сопствената опседнатост од книгата (што, во неговата болест, беше уште порешавачки аргумент) дека треба да го пуштиме детето да си го следи својот избор.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И тоа по свој избор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира, дури почнувам и да верувам дека знам по нешто и за таквите појави.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
wetware - софтвер што е динамичен - учи и донесува одлуки по свој избор, облик на „жив“ софтвер
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
АНДРЕЈА: Тебе ти е потребна храброст. Јас го направив својот избор. (Андреја се врти. Заминува.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во нејзиниот круг ученици, кој го правеше според свој избор, имаше десетина души меѓу кои познати лекари, инженери, писатели, студенти.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сега Фотевци и Богевци летуваа заедно, но без деца; децата си одеа по свој пат, па и си летуваа по свој избор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Метафизичка метафора, политичка метафора, Патот на јагулите престанува да биде итинерер на индивидуи за да стане итинерер на човештвото, со свои избори, свои колебања, со свои грешки.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И втората: (која не би смееле да ја разгледуваме издвоено од првата) ние сме обземени од некое заслепувачко чувство на благодарност кон истата таа разумна владетелка - смртта, бидејќи и овојпат, според наша оценка, (сеедно дали од милосливост или од неупатеност) таа постапила разумно кога својот избор го упатила кон некој друг а не кон нас.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Доаѓа до реализација на другата славна антиутопија: во прекрасниот нов свет има од сѐ доволно, секој има право на култура по свој избор, секој избор е автоматски културен, сѐ е подеднакво вредно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Слободата и културата се по потрошувачката логика дефинирани како задоволување на потреби.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но, поради тоа луѓето не се нималку послободни или поавтономни.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)