По неочекуваниот и брз пораз на француската војска и евакуацијата на британските сили од Денкерк, САД не можеле да сметаат на својот изолационизам, бидејќи прашањето за опстанок на Велика Британија станало прашање за опстанокот на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во тој период во САД започнала една од најголемите расправи во американската историја, која не се водела само во Конгресот и низ печатот туку и меѓу обичните граѓани во целата земја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
По ова, САД повеќе не можеле да сметаат на својот изолационизам, бидејќи прашањето на опстанокот на Велика Британија станало и прашање на независноста на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
14 По навлегувањето на германските сили во Романија и по нападот на италијанските сили на Грција, т.е. кога настаните на Балканот се нашле во средиштето на политичкиот и стратегискиот интерес, и покрај тоа што официјално не биле во војна, американскиот претседател Франклин Делано Рузвелт го испратил на Балканот својот посебен пратеник, полковникот Вилијам Донован.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)