2 Работната атмосфера во претпријатието, особено пред крајот на т.н. „транзициски период“, беше прилично стресна и напната – затоа што следуваше болен период на трансформација и се очекуваше голем број на работници [вкупно преку 700 вработени], да бидат прогласени за технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дури еден нивен колега – кога го прочита своето име на „црниот список за 47 бркање“ – во очај се фрли на пругата и беше прегазен од возот на претпријатието во кое работеше сиот свој работен век!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Згора на сето тоа, мораше да го брани своето име докажувајки му на светот својата апсурдна оправданост: Зошто така се вика, како што се вика?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
А таа беше навикнала на своето име па, кога го премолчувавме, се однесуваше необично.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се разбира, и тој ми раскажуваше како и другите секогаш што раскажуваа кога сакаа да ти кажат некоја навреда или слично, а не ти го кажуваат тоа директно, од свое име.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Записите на патописците досега ги сфаќав како литература која може да содржи произволности, но денеска на камбаната во црквата ја сретнав годината 1861 и имиња на луѓе со име и со презиме кои дарувале во свое име од доброчинителни побуди и за да ја стекнат милоста божја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Санде целата работа, со дозвола на Никола, му ја препуштил, со полномошно, на некој негов пријател Турчин, кој, меѓутоа, работата ја свршил така што чифлиците не се продале, туку успеал да ги препише на свое име и да ги присвои.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мarcel Duchamp Art Lover превод: Паандалф Вулкански okno.mk | Margina #15-16 [1995] 31 ВИРТУЕЛНА СТВАРНОСТ (2) 32 Margina #15-16 [1995] | okno.mk Janez Strehovec УМЕТНОСТА НА ВИРТУЕЛНИТЕ МАШИНИ 1) Навлегување во виртуелните светови Технологијата на виртуелната реалност (англ. cyberspace, кибернетички простор), која што се темели на интерактивната симулација на паралелни алтернативни светови, во свое име ја воведе виртуелноста како еден од основните концепти, како на техноартот така и на теоријата за медиските култури.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во тоа време во овој град ниту една улица немала свое име.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Некаде каде што заретчените диви животни ќе ми приоѓаат со своите имиња на муцките.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Гронинг: Тој е верзија на Гручо Маркс.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Многу од карактерите во „Симпсонови” ги добија своите имиња по членовите од мојата фамилија, но тоа беше уште пред да планирам било каква телевизиска серија... ?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Најпосле ни дојде ред и нам, откако Коле под името на дружината го вреж и своето име.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Васе со мака го допиша своето име.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се скамениле од чудо кога непознатиот, откако ги замолил да го примат на бродот, го споменал и своето име - Полип.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ене ти ги слободни другарите. А ако имаш нужда од помош, кажи да ти ја дадеме од нас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Еве ти ја, брат Толе, пушката. Co својата работа и со своето име ти си го добил името војвода и никој нема право да ти го земе ни името, ни оружјето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гротеската своето име го добила од “grotto”*, од тие јами; претходно зборувавме за лавиринтските патчиња и за начинот на којшто тие, во стилот на “орнаменти”, што е претходница на духовно поедноставената “апстрактна” уметност, се губат во псевдоспекулативната мешавина.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И го испишува со јадри, шилести букви своето име и пее песни за пролетта, сонцето и житото!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Крекот го добил своето име од таму, што при пушење кристалите потпукнуваат.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Исклучувајќи ја неделата како ден за експерименти, тој побара од својата жена и ќерка меѓусебно да ги заменат имињата додека тој самиот го смени своето име со името на синот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сакаше да докаже дека всушност ниту нештата ниту луѓето не се потполни заробеници на своите имиња и дека не мора да значи дека, ако некоја личност или објект го променат името, тоа обврзно води и кон промена на нивната суштина.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Значи“, велеше Филозофот, „потписот од записот наш, оној од планината Папок на светот што се викаше бил лажен; Царот Дариј не бил автор на записот, негов сочинител, туку Соломон; кога Дариј ја победил војската на непознатиот непријател, знаејќи за записот на планината од ини времиња, решил само да го избрише потписот „Соломон“ и да го испише своето име, „Дариј“ велеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дури подоцна беа комплетирани созананијата во врска со ова убиство без пресуда.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој, иако не го видел Ивана, слушнал како загинала притоа не го изустил дури ни своето име.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го застрелале над Соколаната во градот, пред насобраниот народ.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Курирот ни своето име не им го открил на убијците а камоли да открива туѓи!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Двапати ми дојдоа зборовите до усните и двапати ги проголтав.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Измина баеги време откако Боге од Бањи се појави на вратава а јас попусто се мачам да го заборавам она што ми заседна во мислите кога го видов момчето што ми го доведе да го чувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Женските ликови им биле корисни на машките автори.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Барем до времето на Русо и на Гете, кога мажите почнале да им ја преземаат на жените работата со еротскиот субјективитет и кога почнале да пишуваат за машките сексуални сензибилитети кај себе или кај машките ликови, жените биле претпочитаниот медиум за претставување на страсна емоција.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На таквите автори им овозможувале да напишат страсни сцени и да ѝ дадат глас на хиперболичната емоција без да мораат да зборуваат во свое име.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со оглед на тоа дека е аутопсична (аутопсија на старогрчки значи да се видиш себе си, да зборуваш од свое име, да зборуваш за она што си го видел со свои очи), сликата подразбира лично сведоштво и искуство преку патување, откривање, набљудување, размислување“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А бог, закатанчен во своето име, и закатанчен таму горе на небесата и зад веавицата, не ни приѕнува на земјата да види што се преви и да пресуди...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но, пределот не можеше да се припие до мостот, ниту мостот до пределот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Застана само малку, потоа го прецрта и првиот дел од печатот со своето име. Остана само девизата: Молчењето е сигурност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Не ми го кажа своето име.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Бос како кенгур, - се согласи Пишпирик. –А да имаше пари, ќе му дадеме чизми од пингвинска воздишка, увезени од јужнополарните мориња.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Им го кажав и јас своето име, и божем не сум ја слушнал нивната рекламна песна, прашав што продаваат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
На оние што не ме знаат од порано, ќе им го кажам своето име и презиме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Можеби сето тоа беше создадено во еден таков светол миг, ете, во тој миг морничаво на ѕидот го потврдиле своето постоење, својот човечки живот, се „овековечиле“, слично на патникот што тргнал на туѓина, тој по патот на илјада места, - на дрво, на камен, на тенеќен патоказ туку гледате го забележува своето име.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Слушаше од своето име само н-н-н, додека тој, првпат од своето постоење, престана да биде слух и вид, тој, грешник со закопани и крвави нокти в земја, за да не кине една благост и една топлина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Шалтерот чкрипаво се отвори и јасно го слушнав своето име.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Знам дека ваков апел на својата окупирана јавност треба да упатат сите независни интелектуалци на сите завојувани и сѐ уште незавојувани страни, но јас го упатувам во свое име.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Секоја генерација беше во извесна смисла повторувач во балканската историја, осудена сизифовски на нов почеток, постојано со атавистичкото прашање кој беше виновен!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Некои, постарите, прибегнуваа кон метафизичкиот одговор: виновна ни беше судбината, Балканот е проклет, судирите во него се неизбежни, судирите на етнички, верски, цивилизациски план, а други кон дијалектичкиот одговор: зарем судбината нема свое име, зарем не е алиби да се избегне одговорноста, зарем противречностите не се помируваат, зарем хармонијата на разликите не е дефинитивната разврска?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Невработените лица можат да го остварат ова право доколку достават доказ дека пред отпочнувањето на вршењето на дејноста не биле регистрирани за вршење на дејност на свое име или на име на членовите на неговото семејство (брачен другар, деца или родители) (чл. 11).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Само што заѕвони и го кажа своето име, го слушна неговиот весел глас.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Марија, - тивко го изговори своето име и брзо си ја повлече раката.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Чувствувањето и сознанието за оствареното согласје на сите нејзини елементи, при нужната многуслојност и многузначност на лирскиот дискурс, до онаа мера го ослободуваа творецот од разбирливите дилеми и прашалници што го охрабруваат под нив да го напише своето име.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Првиот услов тука го исполнија. Се заколнаа дека го напуштаат Ристоса и му се поклонија на Мухамеда, менувајќи ги своите имиња од Јане на Јунус, од Рампо на Рифат; а за вториот услов Аџи Јане – Јунус бег, предложи да им се остави рок од месец, два, најмногу до Митровден, работата ќе биде свршена.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Г. С.: Јас се потпишувам со своето име.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Малата Ервехе, штом си го слушнала своето име, ја облеало руменило по лицето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ама Јагулче, сепак на крајот, си остана со своето име.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Прв пат во животот не се чувствуваше достоен на своето име.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А подоцна, кога Тито раскрсти со Сталина и кога довчерашните браќа станаа лути непријатели, Јагулче си остана сепак среќен, пресреќен со своето име.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јагулче очекуваше да го слушне и своето име, макар што не знаеше за што би можел да зборува.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Остана за секогаш на своето име.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Таа не може да ја замисли. Тој нека си зборува во свое име.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
На едната нејзина страна беше изгравирано веќе спомнатото Ич, а на другата страна Раде со клинец го издлаби своето име.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но, се разбира, секогаш во свое име!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во шумолењето на брановите што го исплакнуваа брегот го чу своето име.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Веќе толку долго не го чул своето име што веќе помалку и го заборавил.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но, гладот го мачеше и тој, сака- не сака, тргна по селскиот мачор, кој своето име Ловџија не го беше добил без заслуга.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Факти, другар, факти ! - викнав јас. Сѐ си има свое име и презиме...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во многу неверојатниот случај кога некој дијалогичар би пишувал некој контрапунктен акростих како омаж за Бах, дали мислите дека би било подобро тој во акростихот да го вметне своето име или името на Бах?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но впрочем зошто да си го губиме времето во ваква бесполезна дискусија.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој не го знаеше своето име и од каде дошол, ниту што било за сопствениот живот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Подоцна мораше да му се помага при облекувањето и соблекувањето.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Прадедото Сечков во младоста лежеше на Родос, а како средовечен маж во Куршумли-ан, каде што на ѕидот од ќелијата го врежа своето име и презиме.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Изгледа тогаш Трајчеица сѐ уште не беше зацапана во генералот, или уште беше загрижена за чистотата на своето име во идната живеачка како вдовица, па не сакаше да дава поводи за озборувања и други какви било приказни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Можеби другите поинаку ќе го наречат; сите ние различно си ги замислуваме нештата, си измислуваме свои имиња за работите што ќе нè изненадат, но за мене, она што го мислам беше и си останува како ѕид на времето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И спрема тие форми, учителот ги класифицираше и им даваше свои имиња: поливос, ракор, хадун, огзанор, скрдин, карбадор, кунос, гимбар и сл.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Што направи тогаш?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Го пронајде тој предмет, и му го даде своето име.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И говорам во свое име, зошто ако човек сака да говори на друг начин, веднаш може да го побара Татенцето на својата Протоплазма и Мајкичката Келија...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дали да го наречеме негово (Дишановско) или со неговото име (името на предметот)?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Едноставно го пронајде тој предмет и му го даде своето име.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Анархија?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Рок групите како што се Soft Machine, Dead Fingers Talk или Steely Dan ги зедоа своите имиња директно од Burroughs-овата книжевност. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 7
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Идентификација.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Веќе сум ви рекла што најмногу ме фрапира во Времето на козите: тоа е речиси тоталното отсуство на конкретни репери: нема дати, само со неколку мали исклучоци, не се спомнуваат места, ниту ликовите имаат свои имиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таму ги криеме сите дупли планови, со која жена да се ожениме ако нашата загине во сообраќајна несреќа, како штедната книшка на брат ни да ја префрлиме на свое име ако тој ненадејно умре, таму се сите скришни прељуби, се што сме премолчале, што намерно сме заборавиле, таму е јасно кого колку мразиме, таму ја криеме сета невера за она во кое јавно се колнеме дека веруваме и сета вера во она од кое јавно се откажуваме, таму се складиштата на суета и страст, нашиот мрак и пораз, таму сме без шминка, без вештачки вилици, без мидери, таму сме грди.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Сакам да речам дека сон е тоа што сакаме свои на свое да сме, значи да си имаме свое име и презиме, да си зборуваме и да пееме на свој јазик и поради тоа да не бидеме тепани, осрамотувани и влечени по судови...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Потоа го закопа со страницата на која Едо со прст го покажуваше своето име.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кој знае зошто, утешно му делуваше тоа што во делот од именикот за Скопје го најде своето име со точниот телефонски број.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Потсмевнувајќи си се самиот на себеси поради бесмислената намера да го најде своето име, тргна со погледот по Бра... Бра... Бран...и наиде на Бранов. Branoff Edo!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Едо го стави прстот под своето име.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Затоа го мразам своето име. Предолго е.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дури и да сакал да извади пасош на свое име, не можел, бидејќи нерегистриран во ниту една општина, бугарските власти не би му издале пасош.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Беаз-куле (Бела кула) - пародија на своето име.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Мојата е Собата на светлината, зашто е свртена кон југоисток па е најпрозрачната и најосветлената просторија.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во нашата куќа секоја соба има свое име, во зависност од нејзините карактеристики.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)