Во врска со тоа, во врска со својот копнеж за световно образование, скришум од вујкото, му испрати писмо на братучедот Јосифа да прејде кај него на атинскиот универзитет и како него и тој да изучи за лекар.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа беше празник на душата, празник на сѐ најубаво што беше таа, со сите свои копнежи и мечти.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И еве, Божин си замина... Со кого ќе сподели сега овде за својот копнеж по муграта?...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сосема мирно ѝ вели: - Само да не се посомнева во својот копнеж. ***
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Некои уметници, како Brice Marden, Willy Heeks, Louise Fishmen и Pat Steir, остануваат непоколебливи во својот копнеж по елегантна, срдечна и неиронична апстракција.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Исто така, таа ќе ни го загрози единствениот канал преку кој, всушност, можеме да комуницираме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А колку што општествените протоколи на нормалниот или на хетеронормалниот живот и понатаму им се туѓи на геј-мажите, толку геј-мажите не можат да си го сфаќаат сопствениот свет здраво за готово онака како што можат стрејт-луѓето.
Во таа смисла, геј-мажите се отуѓени и од „природата“, односно од општествените дефиниции на природното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Само со користење на зборовите (односно, на симболите) како замена за она што го означуваат можеме да оствариме ограничена размена со светот што е надвор од нас.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие се на одредено растојание од она што важи за невино, спонтано, природно чувство, од оној вид на чувство што изгледа природно – доколку сосема се вклопува во хетеронормативните општествени конвенции и доколку влегува во тие конвенции и не ги оспорува и прекршува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За разлика од хетеросексуалците со нормални желби – кои (да се послужам со зборовите на геј-поетот Френк Бидарт) „живеат како, иако она што го/посакуваат е токму она што од нив/се очекува да го посакуваат, божем тие самите да посакуваат“ – геј-мажите не можат да си ја побркаат желбата со некаква потврда и ратификација на нивниот субјективен суверенитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто самиот јазик е вилает на симболи по кои посегнуваме кога, на крајот од детството, откриваме дека немаме непосредни средства за искажување на своите копнежи ниту надеж сами да го добиеме она што го сакаме.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разликата не е во општествените премрежиња и стварните степени на „природност“, туку во свеста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие не си ја доживуваат желбата како доказ за својата човечка дејственост, како потврда на природноста на нивната човечка природа, како израз на нивната спонтана усогласеност со природниот, даден свет.469 Не можат да ги восприемат своите инстинкти, своите емоции, своите копнежи и похоти како зададени поставки на универзалната човекова природа, како очигледни, нагледни и сосема усогласени со начинот на кој нештата си се по природа – накратко, со човечката природа.
Многумина хетеросексуалци се отуѓени и од хетеросексуалната култура, од културата на хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не само што тврдоглавиот порив да го затвориме тој јаз нема да ни успее туку и ќе ни го дооштети општественото постоење бидејќи ќе ги дискредитира симболичките форми преку кои го претставуваме она што го чувствуваме и со кои си ги одржуваме меѓусебните општествени односи.
Настојчивоста целосно да се искаже она што го чувствуваме ќе исходува со бескрајно, бесцелно насилство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)