Вардар отпрвин спласна и позелене, потоа, некако брзо и преку ноќ, надојде, се замати, се запени, го прелеа своето корито.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ганг се излева од своето корито, на Атлантикот се активира Катарина.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Тврдата вода во своето корито созава камења кои и пречат во нејзиниот тек.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Долу, под нив, реката шумолеше, костенлива и густа во своето корито.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Вслушувајќи се во таа бучава во којашто се тушираше сончевиот ден и во песната на славејчето, како да се најде повторно понесен од матицата на планинската река што синоќа го однесе во тврд сон, а утринава го повикува и тој да потече по своето корито на денот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)