По патот, и првите два-три дена во Софија, дури бараа кај да се сместат, Орде Годивец, со кого Пискулиев како човек од постарата генерација немал никаков допир речиси од оној ден на крштењето, се покажа мирно и здржано момче и ги освои симпатиите на својот кум.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Орде Годивец го оставаше почтително својот кум од десната страна, а овој врвеше полека, нога за нога, мршав и височок, со малце повиен врат и една така блага, сепростувачка усмевка на
лицето, како да е некој нов Исус, што веќе многу години влече невидлив крст по бескрајна Голгота и од тоа му се повиени рамениците.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)