Секој од нив ќе го остави екот од својот лет, звук што со ветриштата ќе го заобиколи светот и ќе им говори повторно во некои други времиња на синовите од синовите на нивните синови, заспани, а сепак вслушани кон немирното полноќно небо.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кривата на нашиот бегалиски живот во својот лет ја допираше највисоката точка, за потоа да го означи својот неизбежен пад за што не можевме веднаш да бидеме свесни.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Последната реченица во Портретот на уметникот во младост упатува на таа замена, која е направена без страв и чувство на вина: “27 април: Стар мој татко, стар мајстору, поддржи ме сега и секогаш на добро место”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најпосле јастребот го исправи својот лет и се упати кон брестовата шумичка на ридот, носејќи ја во канџите својата жртва.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Икар паѓа во својот лет кон сонцето (Ра овде дава убав премин со тоа што е бог-сонце) и станува Тот, кој го надоместува таткото.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ѕидниот часовник – предел во кој да ги откриеш тајните лузни на душата; песокта што ги покрива невратените; првата насмевка што се раѓа во крошните; полноќната птица што избега од библијата; прекрасните дождови што патуваат од праискони и чекаат пред портите на пролетта; пеперутките што во својот лет го пишуваат името на мојата татковина; `рѓосаниот меч на воинот; исчезнувањето на зборот; тревата весела како детенце пред да му облечеш кошулка по бањање; ноќта во која исчезнаа светулките и се скрија меѓу цветовите на сината вазна; бесконечните надоаѓања на болката и на огнот,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Излишно писмо до Бога Им благодарам о, Боже, на птиците кои со својот лет ги препишуваат моите соништа врз небото.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)