Мајката на Александар, Билјана очигледно имаше намера да го замолчи својот сопруг и да му овозможи на својот миленик мирно да си руча.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
И, откако вујна Клементина ќе го избере вистинското училиште за својата миленичка, една вечер, доцна, на својот сопруг ќе му ја изнесе идејата, внуката да се школува на француски јазик, кај солунските лазаристи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Скоро ја наполни лопатата бидувајќи сè полут на сопствениците на кучињата и мачките кои, откако ќе си поиграат со нив, ги салдисуваат своите миленичиња.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Рози молкум погледна во Кети барајќи таа да застане на нејзина страна, за да го убеди Милан да се откаже од своето милениче.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Речиси цела Софија сакаше да ги види реномираните советски артисти на циркуската арена и затоа многу тешко можеше да се дојде до билети за циркусот, во кој се појави и прочуениот дресер на мечки Владимир Тин, кој со своите миленици изведуваше речиси неверојатни точки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Има сопственици кои се толку приврзани за своите кучиња, за своите миленици, што и преку денот наминуваат во Пансионот да видат што им прави кучето, дали е весело или тагува, спие или лае, особено оние кучиња кои првпат доаѓаат во Пансионот и кои не навикнале на таков режим, одвоени од дома и од очите и гласот на својот сопственик.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)