свој (прид.) - молчи (имн.)

Како и повеќето луѓе што не се брзи на караница и што не прифаќаат неразумни предизвикувања пред да проценат не ли ќе бидат поразени, како и сите луѓе што не ставаат глава под секира само за да знаат дали е болката на месото подолга од смртта, чекале засолнети под своето молчење да мине опакиот виор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној старец, прикажан во сите нивни села со своето молчење, а уште повеќе со ретките зборови, што ќе ги кажеше еднаш за потоа тие да земат да кружат меѓу сите луѓе; оној старец, засаден во овие планини и заборавен кога засаден, како некој стар даб, рапав и сиот од некакви само негови извиени жили, како судбина, без чие што присуство животот како да го загубил своето небо - сега веќе не можеше да дојде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се чини дека двајцата се разбираат преку своето молчење.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тие наскоро го довршија своето молчење, платија, си ги собраа кутиите со цигари и запалките и заминаа со веднати глави, очигледно незадоволни од исходот на нивниот разговор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ние сме како волињана, Онисифоровците и Арсо Арнаутче камшикот, ние јаремот. Луѓето на Доце Срменков ги држеле презашилените чекани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)