Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето благовремено не ѝ било соопштено на време (чл. 123, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што го барала да ѝ надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа (чл. 122, ЗОО – rebus sic stantibus).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Жена ми е пушката малихерка, а деца ми се дробните фишеци...“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во уводот, на една прошетка по старо Скопје, до Старото кале на кое се наоѓа црквата „Свети Спас“, писателот ја открива својата намера: „Тука, среде црквата, во ореов сандак, нарежан на шари, лежи еден војвода“.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тој замина без церемонија, просто свршил работа, ја остварил својата намера, и си оди.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Меѓутоа поминаа неколку дена, а никако не ми се удаде случај да пристапам кон остварувањето на својата намера.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Не биди аџамија, можат да се докачат сватовите... - со присторено весел глас му рече Мискарица, настојувајќи на севозможни начини да го склони Пандета да се откаже од својата намера да ја види момата пред стројот...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Остануваат некои зборови, слики, бескрајното чекање на нешто (чувствуваш?) неизбежно, нечие доаѓање, ѕвонење на телефонот, адреналин, будењето на мрачниот ѕвер, убиство на времето, ненадејно отворање на вратата... остануваат валканобелите ѕидови обременети со тишина, ги голтаат погледите и те оставаат самиот на себеси, безброј прашинести утра кога се откажуваш од својата НАМЕРА, а стакленото око ти го нацелало грбот, подготвено да го испука бесмислениот истрел... остануваат меките, пренатални допири на темнината, ококорените, црни пукнатини на времето меѓу скаменетите бранови на празнината, пополноќните прошетки низ мртвиот град и она скокотливо чувство на необјаснива слобода што ја чувствуваш додека чекориш по пустите улици (стариот Витмен тоа чувство го знаеше подобро од мене)... остануваат порозни делови од едно филтрирано сеќавање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но таа очигледно не беше спремна да се откаже од својата намера.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Разложи ја таа своја намера.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Време е да ги откријам знаците на лагата кај момчево“, можеби си мисли токму сега и навистина очекувам да се сврти за да ја реализира својата намера.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Задржи се малку повеќе на секоја поединост: какви биле твоите размислувања во тој момент; евентуалните желби.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Еднаш и имам речено на мајка ми кој знае колку ќе бевме несреќни нашите мисли ако ни се испишуваа и на лицата?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таа секогаш располагаше со доволно енергија но и со непоколеблива безочна упорност за да почувствува потреба да ја прикрие својата намера.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не жали ги зборовите; хартија има доволно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Веројатно е упатен дека и знаците на лагата најчесто бараат скришни места на лицето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Ох, само да знаеш колкупати си имам речено: Зошто оние јуначишта ја одминуваа мојата куќа и не заноќуваа кај мене!?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислев дека денес ќе можам да го убедам вашиот син ако не да се откаже од своите намери, тоа барем да се фрли под друг, а не под мојот воз.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
- Кога би му кажала така, знаеше дека нејзиниот маж нема да ја остави да го стори тоа, да ја оствари таа своја намера.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Добро Тинче, јас не се лутам, - ми рече татко ми, само требаше претходно да ми кажеш за својата намера.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Момчето што ја покани да играат воопшто не ја извести за својата намера да ја бакне на подиумот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Обајцата, пошле секој на своја страна, едниот Онисифор да копа јама, сам, со циганска дурија, другиот да собира гранки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На оние што гледале по нив им се чинело дека под нозете на двајцата најтврдоглави на светот земјата ќе се разбранува и светот ќе отиде по ѓаволите со таков тресок и кршење од што и небото ќе оглувне, ќе се распадне и ќе се урне врз скрка и распаднатост, но Онисифор и Онисифор ништо не мислеле додека се веднеле над своите намери, без здив, предвреме мртви, со движења условно продолжени заради трепетот на истинатото месо, заради решеноста едниот од нив да изврши насилие врз другиот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го овладеа желба да му се спротивстави, да го натера да се откаже од својата намера.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И никој поради тоа не ги осудуваше, не ги презираше и не ги земаше на подбив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пред таа тивка глетка, трговецот со добиток за малку што не се откажа од својата намера, посакувајќи што поскоро да се врати дома.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Требаше само да го симне јажето од вратот на жолтата крава што ја тераше, да ја фрасне неколкупати со сета сила по сапите и да ја втера со трчаница во заградената нива.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Само тоа, синот и нејзе да не ѝ каже за својата намера да се замонаши, плашејќи се, сигурна сум во тоа, не дека таа нема да ја разбере неговата обземеност со верата, уште помалку дека ќе го негира неговото право на избор на свој светоглед и начин на живот, туку дека ќе моли да го поштеди татка си...
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Овој се позачуди на Петковите зборови, но кога Петко му ја кажа својата намера за попење и тој се израдува.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кабаков успева во својата намера да ги провоцира сетилата на посетителот кои дефинитивно се наоѓаат во колективната меморија.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Настојува сѐ да натокми и се случува да не успее да ја реализира својата намера во настојувањето да се прикаже перфектна!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Нежни во ставата, во насмевката, во говорот, а толку цврсти во своите намери, во уверувањата, во постапките.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А Рајна Коцева успеа во своите намери. Мислам, таа есен се омажи за Анатолиј.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И дури тие бараа начини како да го поделат, од затвор се врати Грдан и продолжи со својата намера да изгради куќа на своето парче земјичка на брегот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Наместо да те потопувам во филозофирање, ти само чекаш да ја оствариш својата намера.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Не знам зошто, ама штом го видов него толку многу бев одушевен од својата намера што, без да знам од кои причини, како од туку-така, без збор да му речам, се пресегнав, го фатив за главата со двете раце, го повлеков кон себе преку масата и го избацував среде челото.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Рускиот генерален конзул во Солун, по налог на својот амбасадор од Цариград, отишол специјално во Скопје да бара од Хилми-паша да им препорача на валиите повеќе умереност и да го наговори да се откаже од својата намера за протерување на сомнителните лица без да им се суди.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кипров како влегуваат и излегуваат во магазинот, и полицијата, сомневајќи се во нешто, во својата намера да види, да провери, го открила каналот; второ, и најверојатно, извештајот на Кипров за положбата на каналот (Кипров бил испратен од Софија, од Мерџановци, во Цариград да го надгледува магазинот) испратен до ЦК на Револуционерната организација во Солун бил запленет заедно со апсењето на Татарчев, Матов и другите подоцна дешифриран, и така тајната на атентаторите откриена.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)