Сега сум орел со свое небо Во височините за самување.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Не можеше да се скамени, да стане сурово молчење во себе, зашто ако сакаше да го убие својот бог ќе мораше да го стрела своето небо, тоа црно пространство под татарски голото теме, ќе мораше да го уништи разумот, сеќавањето, а оддалеку, од едно време оставено зад грбот, му се клештеа призраци - Оче Симеоне, не откажувај се од себе или удави се во буре со ракија и стани заборав.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
О, води, мислеше, води, води, и јас сум од корен од своето небо матен но немам веќе сили да бидам и лут, вака без дефинитивна сметка што сум со едно срце, еден мозок, една бездомност - човек или вепар, со ситни капки грев во овие очи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Поубаво се поминува денот кога во секоја минута голташ по еден млаз светлина од ѕвездите на своето небо.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Можеби сите деца на светот имаат памучен палјачо на кого во безгрижна игра му истргнале една нога и имаат свое небо и бајки зад тоа небо.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Да најдеме свое небо и да го пиеме прегрнати“, и рече.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И Марија лежи негде и го мери своето небо и мртвата птица над него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Оној старец, прикажан во сите нивни села со своето молчење, а уште повеќе со ретките зборови, што ќе ги кажеше еднаш за потоа тие да земат да кружат меѓу сите луѓе; оној старец, засаден во овие планини и заборавен кога засаден, како некој стар даб, рапав и сиот од некакви само негови извиени жили, како судбина, без чие што присуство животот како да го загубил своето небо - сега веќе не можеше да дојде.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тука земјата им е полесна и во неа им е исполнета последната желба – да почиваат на своја земја и под свое небо.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Неврзан за месото на зората или за твојата густа крв тргнува кон своето небо.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Кој знае дали еден ден нема да се одмазди
на сѐ помало од него
копнеејќи по мерливоста, по именливоста
желно и самото да се содржи во нешто друго
да го крене погледот
свое небо да најде
од себе излез.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)