Седеа згрбавени, чиниш во своите пазуви кријат нешто што само тие го имаат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Вангел Русјаков, без да ја поткрене главата проломотува Браво за Дине, ем две жени, ем куп деца, ем сам под капата на Господ! се подзавртува и својата ситна женичка како да ја напикува во својата пазува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вистина... Земјата се буди и ме освојува отворајќи ги своите пазуви...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Како да се качувале по нагорнина, тешко дишеа, од нив се испаруваше мирис на нагорелини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Варна во летните месеци во своите пазуви прибира стотици илјади летувалци од многу страни на светот и тогаш на нејзините улици е тешко луѓето да се разминат, а на плажите е видлив необичен вриеж.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Малите ги носеа мајките во своите пазуви и на рамо, а големките се држеа за нивните фустани.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Го нема на оваа страна каде што легна синоќа, а добро знае дека тука легна и дека пред заспивање ја пикаше во своите пазуви од што ѝ се рашири една леснотија по снагата па спиеше со благи соништа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Везден цвеќенцата си играа низ полето, се пресегаа и од лисјенцата на тревките го собираа гласот на младичот и во своите пазуви го скрија.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)