Ги остави своите непрокопсани кукли да фантазираат, а тој се упати кон штабот на својата партија на улица Бошњачка.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
По пет – шест години доби стипендија за последипломски студии во Берлин, по враќањето кратко време беше член на Советот на општината на неговото родно место, па пратеник во парламентот, за на крајот да дотурка до најсериозен кандидат за претседател на својата партија ( генералот Стојан во тоа време беше сопственик на еден супермаркет во едно мало провинциско градче и не успеа да ги собере 10 000 потписи за да му се спротивстави на изборите како независен кандидат) и ете го сега тука во истата зграда пред која што пред рамно триесет години дојде да бара демократски слободи и права...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
“Да ти е. . . скопскиот дух”, промрчи градскиот шут и ја повлече со себе во задимената и затемнета просторија каде другите ја прекинаа својата партија покер и ги насочија кон нив своите полузамижени и никако љубопитни очи.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но таман договорот малку ќе легнеше на земја, некој локален партиски шеф ќе се полакомеше да грабне уште некое собиче за својата партија, па така договорот се кршеше.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)