И ја стисна во своите прегратки, ја избакна и ја кладе на другата града убаво да се нацица.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Толе пак го прегрна и долго го задржа во својата прегратка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога на небото се покажа српот на месечината, тој го подигна момчето и, држејќи го во своите прегратки, тргна низ огромната гробница и кога само миг, без да го прекине растреперениот чекор, погледна кон небото, тогаш му се пристори дека и ѕвездите патуваат со него...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И сега, кога во својата прегратка јa држи и ќерка си, се потсети на тој разговор.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Долго јa гледа небаре сака да ги открие сите оние белези и црти што единствено се својствени на Циљка и уште еднаш да се увери дека девојката којa сега ја држи во својата прегратка навистина е нејзиното чедо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Често ќе ме допреше со него по образот, додека, меѓу шумолењето на лисјата, ме впиваше во својата прегратка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Држејќи ја цврсто во своите прегратки, ја тргна од терасата и ја завлечка во една од собите, со сета сила ја легна и ја поклопи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
- Охо, брат мој! - овој го зграпчи и одвај што не го задуши во својата прегратка: - Гледај го ти него, само еден глас и коските под дреата ти останале.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да го почувствуваше во својата прегратка...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
13 - МАЈКА не прегрна и, молчејќи долго не држеше во својата прегратка. Сите тројца се сместивме во прегратката на нејзините куси раце.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пелагија, откако ги рашири работите над капакот од големиот сандак што не ѝ служеше за спиење, седна до Чана, а оваа во истиот миг ја пикна во својата прегратка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Малечката Пелагија уморот ја обеси на рацете од двете жени, меѓутоа мајката Пелагија ја поткрева и ја стиснува во својата прегратка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Нејзината Деспина, потаму, над големиот дрвен сандак силно ја стискаше Пеличка во својата прегратка, чиниш во себе сака да ја стопи.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Или сметаш, кога веќе со векови сме немале кралеви и цареви, зошто да се користиме во овој наш обичен живот со жена која ја посакува љубовта без да се грижи за чувствата на партнерите; без да размислува што ќе разурне со својата прегратка; кој ќе биде идниот страдалник.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Смирувајќи ме во своите прегратки, со своите мили раце мазнејќи ми ја косичката, си спомнувам уште ова, тивко, со жар ми рече: - Кутрото дете!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
За среќа Метеорот тој час се покажа многу присебен и храбар, нека им е лесна земјата на тие чудни, незабележани херои, згазени човечиња, секогаш настрана, фрлени, - се колнам, среде огнот се исправи и го зграпчи во своите прегратки Методија Гришкоски.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа беа звуци од ветрот, поминувајќи низ отворот на јамата созадаваше свои природни композиции, толку привлечни за слушање, што почувствува блискост кон земјата: како кон нешто свое, многу старо, нешто што го влечеше силно во своите прегратки.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Долго, долго во ноќта кога сите нѐ прифаќаше во своите прегратки сонот и во него шетаа нашите кози, тој остануваше во просторот што го означуваа зраците на ламбата врз неговата отворена книга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)