свој (прид.) - приказна (имн.)

Безброј пати ја, повторив својата приказна кој сум и од каде дојдов, сѐ до утрото кога ме ослободија и пратија човек да ме следи до бренчот на Сити банк.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како божем тој да нема свои приказни!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На крајот на својата приказна Луз Арке заклучува: „Од сопственото искуство знам дека илузијата за повлекувањето црта под минатото и за некој нов почеток е неостварлива и дека заверата на молчење чија што цел е анулирање и егзорцирање на доживеаниот ужас само ги храни конфликтите и ресентиманите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Свеќа! Свеќа, а потоа - би читал својата приказна и те пуштаат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
За да влезеш, ја раскажуваш својата приказна и те пуштаат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Секој има своја приказна, илјадници приказни.  Но зарем нема ниеден писател?  Писател?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Токму затоа што се работеше за исти случки и исти јунаци, секој имаше своја приказна, секој држеше до вистината на својата приказна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секој што бил тука во тоа лошо време, има своја приказна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таа го заведе со своите приказни, па и пред да биде свесен за да се спротивстави, тој плачеше на оние тажните, се смееше на оние веселите и ги следеше нејзините наредби.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку само беше млад и наивен – илјада и една ноќ со Шехеразада, а потоа бајката ја снема.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Многу романсиери, јунаците на своите приказни, ги именуваат со иницијалите или само со првата буква од нивното вистинско име.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Веројатно помисли дека својата приказна Рада веќе ја раскажала на мајка си.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И како веродостоен доказ за вистинитоста на својата приказна ја земаа месечината - Бог направил така, таа ноќ испратил да грее во Потковицата и на земјата јасна месечина, јасна небаре јасно сонце, за да им го осветли патот на праведниците, на свети Јован Крстител и на Бошета нивни: сега веќе не Јанчески, туку нивни, од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тоа, што се случувало меѓу него и Ристана Голушкоска и кое не може да се нарече некаква љубовна историја, туку повеќе наклонетост на двајца возрасни и запашкани луѓе, после излезе навидело, во 1943-та, кога Димко Силистарко ги уби, со стап, на Бел Камен, мајка си и Видана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете, така Видан Јанчески, заедно сосе сета своја приказна, се одомаши во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отплеткувајќи ја полека својата приказна, таа раскажала дека се омажила млада за да избега од дом полн со алкохолизам и вербални малтретирања.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Средба Има мигови кога солзите пишуваат своја приказна...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
За тоа време секоја од нас ќе има по една недела за да си ја каже својата приказна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Гласот од телекранот сѐ уште ја кажуваше својата приказна за заробениците, за пленот и за колежот, но викањето надвор малку стивна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ЉУБА: Не знам... Јас го набљудував твоето лице, додека мама ја читаше онаа своја приказна, и мене ми се чинеше, сфаќам за што ти мислиш и колку се чувствуваш самотен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пред зора ти ги кажував своите приказни но тие не беа приказни и не беа мои.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Б се слу­чило наместо тоа, или В или Г, и тој и таа одвоено ги продолжиле своите приказни.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во расказот на Кафка уметникот што пости сака да биде признаен од Другиот дури и кога умира, и затоа ја рас­кажува својата приказна во увото на надзорникот, за ни збор да не се измолкне.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Прогнозата е исклучително мрачна, но тој ги одби херојските обиди, определувајќи се за палијативи додека разгледува на кој начин да ја докрај­чи својата приказна пред да стане неподносливо болна или/и недостоинствена.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
8. Филомела, според старогрчкиот мит, ја ткаела својата приказна за обљубата со Тезеј, мажот на сестра ѝ Прокна
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А Трајчеица како одвај да го чекаше тој момент и тој негов поглед, влета во неговото молчење со својата приказна иако јас пред тоа се обидов да го скршнам разговорот на друга страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тие тоа бездруго и ќе го стореа, независно дали јас ќе им дадев дозвола или не... --- Margina #32-33 [1996] | okno.mk 189
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А Патриша Меривејл, која го споредуваше Борхесовото дело со она на Набоков, завршува со следната дистинкција: “Додека Набоков обично ги пушта своите актери ‘да испарат’ и нѐ враќа во стварниот свет, Борхес ја доведува својата приказна докрај и постојано нѐ потсетува дека обајцата, и писателот и читателот, се ‘творба од која се направени соништата’.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ен Камис КАДЕ ШТО РАБОТАМ На парче нормата носи заработка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Заклучокот е неизбежен: Борхес е волшебник на зборови и мајстор на итрини. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 217
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Латиноамериканските писатели како што се Гарсија Маркес, Карлос Фуентас, Ернесто Сабато, Варгас Qоса и други, го признаа својот долг кон Борхес по повод прашањето на јазикот, каков што шпанската литература немала пред него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но како што замислата створи анегдота, а анегдотата створи личности, решив да ги оставам личностите да ја преземат работата и да си ја кажат својата приказна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таков е и ставот на Апдајк: „Колку и иронично и богохулно да изгледа Борхесовата скриена порака“, вели тој, „составот и методата на неговите остварувања, иако никако не можат да се доловат со имитирање, одговараат на длабоката потреба во современата проза - потребата да се признае итрината.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А јас си имам и своја приказна.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Чавка има потреба да верува во својата приказна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Секој си има своја приказна и лична проценка на својата несреќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не дозволува никој да и го допре тој нејзин „свет”, а секој предмет има своја приказна или историја, со која е поврзан.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Види каде го имам ставено твојот прстен? Во моето руско скровиште!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)