- Беговите го заборавиле Мустафа -ефендија. Шуќур, се нашол некој наш казанџија и го прибрал дрипавиот ќафир во својата работилница меѓу ламарини и чекани, заедно да локаат студено вино и да пеат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Судбина... Во тие зборови немало ни победнички призвук на докажана мудрост ни разочараност; според неговото сфаќање, сѐ се движело по однапред определени простори со свои тајни и неизбежни законитости.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во својата работилница, која ги опфаќаше двете простории во визбата, Парацелзус го замоли својот Бог, својот неопределен Бог, кој било Бог, да му прати ученик.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во својата работилница складираше жолти тикви, пругави тиквички и лејки зашто уживаше да гледа во нив додека работеше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Требаше да се врати дури во септември, а Али во својата работилница ниту можеше да постигне да ги услужи муштериите, ниту пак можеше да најде помошник па го наговоруваше Еда да остане.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ноќта ги беше избришала прашливиот атанор и лембиците,20 кога некој тропна на вратата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Неодамна во својот локален весник прочитав оглас. Roger Papazian од блискиот Rocky Hill во својата работилница “Eden” огласува необични услуги...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)