Французите занесени во својот разговор, тргнаа исто така по нив.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ги гледаше толпата луѓе околу себе: разџагорени, внесени секој во својот разговор, си кажуваа по некоја шега за да ја разбијат монотонијата додека го чекаа ручекот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Според неговото објаснување Службите пројавиле посебно интересирање кој друг освен него можел да ги слушне спомнативе разговори?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Колку и да беа современи, уште по нешто ги држеше за традицијата; а и ништо необично немаше во тој обичај, сè додека мажите си имаат свој разговор за политиката, а жените свој за козметиката.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Беше еден начин да се остане увиснат меѓу голите гранки над сивата провалија, го пронајде во сонот и продолжуваше и во тоа полујаве да го води својот разговор со онаа притаена, ранета ѕверка под себе, која му одговараше со своето тивко, жаловито завивање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но кога Трајко му рече дека е испратен од селаните, а кога подвлече со особен тон дека носи и пари за тоа, владиката го промени тонот на својот разговор и му вети дека ќе им ја исполни желбата на селаните, толку повеќе што го познава човекот и лично, та сака и нему да му направи добро, верувајќи дека со тоа ѝ прави добро на црквата, на верата и народот, бидејќи Петко беше сигурен во секој однос.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Да бидам прецизен и јасен, не се случи ништо спектакуларно кога им ги расакажав на другарите тврдењата на командантите - го образложуваше и понатаму својот разговор со некакви служби и службеници мојот пријател Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)