Расправата за културниот идентитет им овозможи, значи, на колонизираните народи да се ослободат од миметизмот, понижувачката пародија на освојувачите да ја заменат со истакнувањето на својата различност, и начините на живот од кои требаше да се срамат да ги свртат во нешто со што ќе можат да се гордеат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа е така можеби затоа што луѓето од медиумите ги разбираат шеесеттите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Наизглед безусловно прифатен, нему му се ускратува било каков маневарски простор, прилика да избега, му се забранува оригиналноста и тој станува фатен во стапицата на својата различност; верувајќи дека од апстрактен се дошло до вистински човек, помеѓу личноста и колективитетот се укинува онаа игра во која просветителската антропологија не само што не чепкаше туку тежнееше да ја зацврсти; во име на алтруизам, Другиот се претвора во хомоген блок, па на тој ентитет му се жртвуваат останатите во нивната индивидуална стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Или можеби затоа што оние што се нурнале во пост-Е културата се на радикално различна бранова должина од медиумите, или не можат да ја комуницираат својата различност или немаат потреба за тоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)