Главна нивна цел била да ја минираат Отоманската банка, но тие имале и една друга мошне важна цел: со својата саможртва да и докажат на Европа дека оваа земја не може повеќе да го трпи ропството.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Пролетта илјада деветстотини и петата, речиси истовремено кога Методија Патчев во Македонија ја принесуваше својата саможртва на олтарот на слободата и на татковината, Алберт Ајнштајн, млад службеник во Патентниот завод, излезе од поштата во Берн и замислено се загледа во зраците светлина кои се прекршуваа врз големите црни облаци.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)