свој (прид.) - слика (имн.)

Покрај доминантната црна, Џарман најмногу употребува црвена и златна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што е важно е процесот, сакам луѓето да го забележат тој процес, поради што и ги чувам своите слики”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Џарман сликите ги изработува брзо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од 1920 до 1928 неколку пати е осудуван на високи парични казни поради тоа што во своите слики „извршувал напад врз безбедноста на Рајхот” или поради „напад на јавниот морал” или поради „светогрдие”. 1924 станува претседател на „Црвената група”, здружението на комунистичките уметници.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во сликарската колонија во „Монмартр“ има многу југословенски сликари кои живеат од продажба на свои слики на странци а најмногу на Американци и на Англичани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се запознав со Драгана. Тој ја пакуваше својата слика за една брачна двојка Англичани, што ја откупиле за 200 франка. Драган, по сѐ изгледа беше задоволен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога Duchamp му објаснува на Cabanne дека на своите слики сакал да ја прикаже интеракцијата меѓу две движења: „најнапред идејата за движење на возот, потоа онаа за тажниот младич што се наоѓа во ходникот и кој се поместува”, и според тоа, дека „имал две паралелни движења што си соодветствуваат”, како да не се присетиме на фактот дека Einstein, 1905, пет или шест години пред ова платно, кога ја објави својата теорија за ограничена релативност, се повика, за да им биде појасен на лаиците, на сликата на „еден воз што се движи со константна брзина v и еден човек што вдолж се движи во едниот од вагоните, т.е. во насока на движењето на возот, со брзина w”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со својата еуфорија за градење, со својата слика за себе како за творец на новата посткомунистичка, постјугословенска Македонија, како вистински романтичар, тој покажа целосно непознавање на суштината на политиката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се уплаши и од себеси и од своите слики.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Досадни се и овие травеститиве преоблечени во авторитет...  Па, добро, Сашо, не е толку страшно, прашај го господин Страшо! (во тој момент во просторијата на Сашо, влегува еден негов пријател сликар, Чкртко-Шкртко Вртко Ртко ко „О“ што изгледа, а чие вистинско име Сашо ми забранува да го спомнам) Имаш стан, огромно дрво во дворот, другар што добро ги продава своите слики... (во разговорот се вклучува Чкртко-Шкртко) Чкртко-Шкртко: Ма, макетонецот е генијален уметник, само не го бидува за организација, за бизнис, за политика...  Не заебаај, Твртко-Вртко, ти мал маусдонецу ко мравка вреден!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во исто време, Гого се исправи пред проблемот да најде работа - од нешто требаше да се живее; да беше останат сам самјак, ќе се обидеше да преживее како слободен уметник; а вака, со семејство, со жена и дете на пат, не се решаваше на ризикот да зависи само од продажбата на своите слики - тој неафирмиран сликар, неговите слики непознати на јавноста, поимот продажба како мислена именка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Освен тоа, станува збор за уметник кој маргините на своите слики ги користи за текст! подготвил: А. Б.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пред интернационално да биде промовиран на големата врата на Документа во Касел 1972, Ле Гак експериментира со стапчиња, камења, песок, фотографии, испишани листови... кои ги става на своите слики.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мојот пријател, Henru Geldzahler, кустос на уметноста на дваесетиот век, пред да го именуваат за званичен културен цар на Њујорк, вака го опиша почетокот на попот: “Тоа беше како некој научно-фантастичен филм - Вие, поп уметниците, непознати едни на други, излегувате од различни делови од градот и гледате напред носејќи ги своите слики пред себе”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)