Зашто сечејќи ја неа се преполовив себеси во труп претворајќи ја својата снага и рака.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Доктор Миха излезе од тие институции на системот, без секаков систем во својот организам и без никакво владеење ни со својата снага ни со својата памет.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Добро е што ништо не е симнато од нивниот вагон, ама кога во еден замав ја качува својата снага во отворот на вратата, открива дека речиси сите се будни, облечени, прибрани.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Пелагија, таа златната, таа ќе знае како со него! и внимателно се оддели од снагичките на внучињата, ја седна својата снага.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Токму кога сакаат да тргнат на кај излезот, Чана го затвора со својата снага, ама и со својот глас Ако ма питте мен има шо да ви кажам!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во ракијата и потта ја арчеа својата снага и пропаѓаа предвреме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)